
Манчестер Сити мораше да издржи вистинска тортура на реваншот против Атлетико Мадрид за да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. По ремито без голови, крајот на натпреварот го одбележаа грди сцени во кои предничеа црногорскиот дефанзивец Стефан Савиќ и хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко.
Савиќ започна мешаница на тревникот, а Врсаљко по натпреварот се обиде да ги нападне гостинските играчи во тунелот.
„Фудбалерите на Атлетико се однесуваа невкусно. Треба да се срамат од глупостите што ги направија. Кога зборуваме за фудбал, тогаш морам да му честитам на Атлетико затоа што го натераа Сити да игра онака како што не сме ги виделе долго време. Ги извадија од ритам. Сепак, работите кон крајот на натпреварот не се она што сакаме да го видиме“, коментираше легендарниот Рио Фердинанд.
Слично размислува и Овен Харгрејвс.
„Манчестер Сити беше мирен и покажа класа, а Атлетико Мадрид на крајот се посрамоти. Играјте убав фудбал! Честитки за Сити, тоа беше одлична изведба и многу, многу тежок натпревар“, рече Харгрејвс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
