
Атлетико Мадрид не успеа да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако одигра 0-0 на „Ванда Метрополитано“ по поразот од 1-0 на гости во дуелите со Манчестер Сити. По дуелот следеше жестока физичка пресметка меѓу фудбалерите во тунелот, а и Диего Симеоне одговараше „на нож“ на прес – конференцијата.
„Не ми е гајле што некој ќе каже за мене, добар или лош. Оние со широк речник се доволно интелигентни да те фалат, а во исто време да те презираат. Но, ние не сме глупави иако можеби нашиот вокабулар е помал“, изјави Симеоне.
Тој ја прекина прес-конференцијата откако му беше поставено прашање кое, судејќи по реакцијата, воопшто не го засега. Запрашан дали може да му даде совет на Реал Мадрид како да игра против Манчестер Сити во полуфиналето, тој само рече дека „никогаш нема да го направи тоа“, стана и замина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
