
Голгетерот на Лацио и најдобар стрелец во Серија А, Чиро Имобиле, нема да ја промени одлуката и ќе се повлече од италијанската репрезентација по дебаклот од Македонија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Имобиле постигна хет-трик во убедливата победа против Џенова, а селектор на „аѕурите“ Роберто Манчини планира средба со него за да го убеди да продолжи да настапува за репрезентацијата во тешките моменти.
Сепак, Имобиле е решен да стави крај на репрезентативната кариера и покрај тоа што ќе го ислуша Манчини кој на секој начин се обидува да го убеди дека им е потребен и во иднина.
Имобиле дебитираше за италијанската репрезентација во март 2014 година на пријателски натпревар против Шпанија, а неговиот прв голем турнир беше Светското првенство таа година во Бразил. Во меѓувреме за „аѕурите“ собра 55 натпревари и постигна 15 гола, а најголем успех беше освојувањето на Европското првенство лани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
