Connect with us

Емери: Не треба да не споредуваат со Астерикс и Обеликс

Вилјареал синоќа под водство на Унаи Емери постигна нов голем подвиг во Лигата на шампионите.
По Јувентус, „жолтата подморница“ го елиминираше и фаворизираниот Баерн Минхен, а Емери уште еднаш го потврди својот тренерски квалитет, што особено доаѓа до израз во европските натпреварувања.


„Одигравме одличен натпревар, но и првиот натпревар покажа како ќе се позиционираме за вториот. Повторно бевме совршени во одбраната, и знаевме дека ќе имаме ситуации да ги нападнеме. Добро отворивме во нападот и дојде голот“, изјави Емери по натпреварот.

Вилјареал е од град со 50.000 жители, но Емери не сака на овој успех да се гледа на тој начин.

„Убаво е да се биде во полуфинале, но не некој да зборува за тоа како сме убав клуб, од мал град, од село, да не споредува со Астерикс и Обеликс… Тука сме затоа што имавме проект и планираме, затоа што вредно работиме и затоа што знаеме фудбал“, додаде Емери.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови