
Атлетико Мадрид вечерва на „Ванда Метрополитано“ ќе го пречека Манчестер Сити во четвртфиналниот реванш натпревар од Лигата на шампионите. Првиот меч минатата недела на „Итихад“ заврши со минимален триумф (1-0) за „граѓаните“.
Избраниците на Диего Симеоне на првиот дуел одиграа со неверојатен одбранбен стил (формација 5-5-0), но вечерва ќе мора да направат промени бидејќи им е потребен барем еден гол за да ја анулираат негативата.
Диего Симеоне нема да може да се потпре на двајца клучни играчи. Станува збор за дефанзивецот Хозе Марија Хименез и играчот од средниот ден, Хектор Ерера.
Најверојатно уругвајскиот напаѓач Луис Суарез повторно ќе стартува од клупата, а нападот на Атлетико Мадрид ќе го предводат асови како Антоан Гризман и Жоао Феликс.
„Нашата цел е да победиме. Имаме план за тоа“, ги смири навивачите во пресрет на натпреварот капитенот на Атлетико, Коке.
Пеп Гвардиола е задоволен од веста дека централниот дефанзивец Рубен Дијаш веќе ги обнови тренинзите, но нема да ризикува со негово брзо враќање во игра и го остави надвор од тимот. Ова е единствениот кадровски проблем пред Гвардиола, кој ќе смета на најдобрите во потрагата по трофејот во Лигата на шампионите.
„Беше многу тешко да се пробие бедемот на Атлетико Мадрид и добро е што обезбедивме и минимална предност. Но, сега и тие ќе мораат да се отворат и да играат фудбал“, изјави играчот за врска на „граѓаните“, Кевин де Бруин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
