
Реал Мадрид по драматични продолженија и фантастичен реванш успеа да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите елиминирајќи го актуелниот европски првак Челси. „Кралевите“ губеа со 0-3 и беа пред елиминација на „Сантијаго Бернабеу“, но со голот на Родриго изборија продолженија, а потоа Карим Бензема го зададе последниот удар.
Тренерот Карло Анчелоти е горд на својот тим.
„Овој клуб никогаш не се откажува! И затоа ја добивме оваа прекрасна награда – полуфинале во Лигата на шампионите! Ни помогаа и нашите навивачи и тој прв гол што го постигнавме, кој беше голем удар за Челси. Ние сме горди што го постигнавме ова затоа што сите велат дека англискиот фудбал е супериорен во однос на шпанскиот. Драго ми е и за Вилјареал и Унаи Емери, а уште еден одличен тренер и шпански тим ќе за полуфиналето – Атлетико Мадрид“, изјави Анчелоти.
Некои како предвреме да го отпишаа Реал Мадрид во борбата за европската титула.
„Знаев дека можеме далеку. Не заслуживме ни пораз од два гола. Многу страдавме, но по тој втор гол на Бензема станавме и ја покажавме нашата силна личност”, изјави Италијанецот.
На крајот ги прокоментира своите двајца херои, Бензема и Модриќ.
„Карим е шампион, но можам да зборувам и за многу негови соиграчи. Дани Карвахал играше во централната одбрана, Лукас Васкез и Едуардо Камавинга имаа одличен настап, Тони Крос одигра врвно 70 минути…Модриќ беше извонреден, тој е волшебник, а асистенцијата беше особено феноменална“, истакна Карло Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
