Европскиот првак Челси покажа голема храброст на „Сантијаго Бернабеу“, дојде во позиција и да го елиминира Реал Мадрид иако имаше голема негатива од првиот меч во Лондон, но на крајот тимот на Томас Тухел мораше да ја предаде европската круна. По продолженија, победи со 2-3, но тоа не беше доволно за пласман во полуфиналето поради поразот дома (1-3).
Менаџерот Томас Тухел е фрустриран поради сето ова, но има забелешки и на судијата.
“Постигнавме четири гола на два натпревари, имавме многу шанси, но немавме среќа. Разочарани сме на крајот, бидејќи направивме две грешки. Најважните моменти од овој натпревар беа всушност нашите грешки. Покрај тоа, за вакви пресметки треба да имаш малку среќа, а ние ја немавме“, изјави разочараниот Германец по натпреварот, коментирајќи ја ситуацијата во 64. минута кога на неговиот тим му беше поништен гол за 3-0, поради наводно играње со рака на Маркос Алонсо.
„На крајот чувствувам голема фрустрација поради се, не го видов голот, но искрено ме чуди што судијата кој го води натпреварот не отиде да види дали е тоа рака или не. Шимон (Марчинијак), кој е многу добар судија, мораше тоа сам да го погледне. На крајот заслуживме да добиеме уште неколку минути во продолженијата, но можеби само барам премногу“, изјави Германецот.
Тој обвини и дека судијата и Карло Анчелоти заедно се смееле по натпреварот.
„По последниот свиреж ги видов Марчинијак и Анчелоти како се смеат заедно и мислам дека беше многу невкусно! Отидов да се ракувам со судијата по тешката елиминација и го најдов како се смее со противничкиот тренер Анчелоти, кој инаку е господин. Тоа не смее да се случи“, заклучи Тухел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal