Жерар Морено е еден од хероите на Вилјареал за елининацијата на Баерн Минхен. Тој му асистираше на Самуел Чуквуезе во 88. минута за израмнување (1-1) со кое шпанскиот тим го елиминира големиот фаворит.
„Многу сме среќни. Уште кога го извлековме Баерн Минхен, си велевме дека можеме да го направиме ова. Вербата и начинот на кој овој тим се натпреварува ни помогнаа да ја остариме таа цел“, изјави Морено.
Вилјареал направи чудо со пласманот во полуфиналето.
„Во полуфиналето ќе пристапиме со респект кон сите наши противници. Знаевме дека може да страдаме во одбраната и затоа беше клучно да се обидеме да создадеме шанси пред голот на Нојер. На крајот Чуквуезе го искористи тоа максимално“, истакна Жерар Морено.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













