Баерн Минхен шокантно го заврши настапот во Лигата на шампионите во четвртфиналето. Германскиот првак водеше со 1-0 против Вилјареал и имаше продолженија „в раце“, но во 88. минута Самуел Чуквуезе од единствениот гостински удар ја погоди мрежата на Мануел Нојер за сензационалниот пласман на шпанскиот тим во полуфиналето.
Искусниот Томас Милер само неколку минути имаше одлична можност со удар со глава да донесе водство од 2-0 за германскиот тим.
„Ако само го гледате овој натпревар, без дуелот во Шпанија, требаше да се пласираме убедливо“, изјави напаѓачот на Баерн, Томас Милер.
„Тешко е да се прифати ова… Не знам што да кажам… Мора да бидеме лути на себе што постигнавме само еден гол на овој натпревар, затоа што 1-1 не е реален резултат, одигравме добро“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













