Колку добар потег направи Флорентино Перез кога го врати Карло Анчелоти на функцијата тренер на клубот?
Можеби сега сликата е појасна, но кога претходното лето пристигна од Евертон, никој не можеше да претпостави дека тој е најдоброто можно решение во моментот, бидејќи не му одеше најдобро во Премиер – лигата.
Сепак, тој е блиску до титулата во Ла Лига, се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, а во нокаут фазата ги елиминира ПСЖ, кој за многумина пред почетокот на оваа сезона беше главен фаворит за титулата, како и актуелниот европски шампион, Челси.
Анчелоти со овој пласман во полуфиналето стигна до своето осмо полуфинале во Лигата на шампионите, но тоа не е се. Тој е единствениот тренер во историјата кој во четири различни децении успеал да стигне во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Тоа го направи со Јувентус (1999), потоа со Милан (2003, 2005, 2006 и 2007 година), како и со Реал Мадрид (2014, 2015 и 2022 година).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













