
Никола Глигоров заминува од тренерската позиција во ФК Вардар. Тој поднесе оставка преземајќи ја одговорноста по поразот од Гостивар (2-1) во последното коло од Втората лига Запад.
Вардар полека ја губи трката со Воска за второто место на табелата кое носи бараж за пласман во елитата.
„Поднесов оставка од морални причини. Би сакал да се заблагодарам на сопственикот, спортскиот директор, играчите, лекарскиот тим, сите вработени во Хиподром и моите соработници Златко Таневски, Филип Ивановски, Бобан Грнчаров, Тони Богдановски, Игор Тасевски, Саша Илиќ. Од нив имав голема поддршка“, изјави Никола Глигоров.
Вардар имаше контроверзно судење на вчерашниот натпревар против Гостивар и на крајот загуби со 2-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
