Лидерот Шкупи утре му гостува на Скопје на „Автокоманда“ во 26. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Чаир посакува да ја продолжи победничката серија. Крилниот напаѓач Валид Хамиди вели дека трите бода се целта на неговиот тим.
„Знаеме дека нема да биде лесно против Скопје, тие имаат мотив бидејќи се борат за опстанок, а во последното коло ја победија Академија Пандев. Но, ние сме подготвени и продолжуваме да работиме за остварување на нашата цел. Го респектираме ривалот, но ние сме фаворити и сакаме тоа да го оправдаме на теренот“, изјави Валид Хамиди.
Шкупи има 13 бода предност пред Шкендија и пред Академија Пандев на врвот на табелата во Првата лига.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski