Шкупи е елиминиран од квалификациите во Лигата на Европа. Пјуник славеше со 1-2 во Скопје и заслужено оди понатаму, иако македонскиот претставник имаше солидни 3-3 по првиот меч во Ереван.
Тренерот Умит Каран вели дека неговиот тим се борел до самиот крај, а жали за двата гола што Шкупи ги прими на првиот меч во Ереван, при водство од 1-3.
„Ако победевме со 1-3 во Ерменија, да не примевме два гола гола во финишот за 3-3, ние ќе поминевме понатаму. Но, се боревме, покажавме карактер и не сакам никого да обвинувам. Јас сум виновен за елиминацијата, а овој Шкупи ќе биде многу подобар во првенството. Имавме шанси, ако ја погодевме шансата со глава, ќе беше 2-2. Тие поведоа со одличен гол, потоа беше и 0-2. Но, Шкупи не се откажа“, изјави Умит Каран.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal