
Голманот Дамјан Шишковски по финската епизода повторно е член на Работнички, објави клубот од Дебар Маало. Тој потпиша едногодишен договор со клубот и од денеска му се става на располагање на тренерот Александар Влахо.
Шишковски замина од Работнички во Лахти во зимскиот преоден рок во 2018 година, а изминатава сезона беше член на Ропс, за кој настапуваше и во квалификациите за Лигата на Европа. Откако завршија неговите обврски со финскиот клуб, сега комплетно е на располагање на тренерот Влахо.
Тимот на Работнички утринава замина на подготовки во Банско. Таму ќе одигра четири пријателски натпревари, а противници се израелските клубови Хапоел Нир Рамат Хашарон (21 јули) и Хапоел Рамат Ган (24 јули), бугарскиот тим Септември (26 јули) и Алтин Асир (27 јули) од Туркменистан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
