
Јувентус го очекува голем ремонт во текот на летото, затоа што Масимилијано Алегри сака да состави респектабилен тим за следната сезона и да го нападне „скудетото“. Ова е втора година по ред во која Јуве останува без шампионскиот пехар.
Она што во моментов е познато е дека најголемата ѕвезда Паоло Дибала го напушта клубот по седум години, но Аргентинецот во никој случај нема да биде единствениот што од лето нема да го носи дресот на „старата дама“.
Според медиумите блиски до клубот, покрај Дибала, во конкуренција за заминување се уште четворица важни играчи, а најголемата болка е во средниот ред.
Со доаѓањето на Мануел Локатели и на Денис Закарија, иднината на Артур Мело и Адриен Рабио во Јувентус е комплетно неизвесна и се очекува тие да го напуштат клубот на лето.
Се споменува заминувањето и на Федерико Бернардески, кој е во преговори со клубот за нов договор, но барањата на италијанскиот репрезентативец се поголеми од тоа што го нуди на теренот. Кога станува збор за бековската линија, се појасно е дека следната сезона нема да има место и за Алекс Сандро, која е многу долго во Јувентус и делува многу поистрошено отколку што беше случај во претходните сезони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
