
Милан сезонава води голема борба за титулата во Италија, а славниот клуб од „Сан Сиро“ веќе ги започна подготовките за следната сезона во Лигата на шампионите. Една од главните цели на Паоло Малдини, легендата на Милан задолжен за спортската политика на клубот, е да го задржи Брахим Дијаз.
Дијаз е на позајмица во Милан од 2020 година и италијанскиот тим има опција да го откупи неговиот договор за 22 милиони евра. Сепак, и Милан и Реал се подготвени за нов договор. Милан сака да ја намали висината на обештетувањето, а Реал договори опција според која за одредена сума може да го врати Брахим Дијаз во Мадрид.
Во разговори со челниците на Реал, Малдини ќе ја провери ситуацијата со Лука Јовиќ и Еден Азар, фудбалери кои се на трансфер листата и кои ќе го напуштат Реал во следниот преоден рок. Милан верува дека би можел да ги доведе и двајцата, но се уште не се знае колку пари Реал Мадрид ќе побара за „отпишаниот“ тандем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул
