
МАКФУДБАЛ во Порто,
Португалците имаат врвни фудбалски мајстори во својата репрезентација, а еден од нив, Бернардо Силва, кој го носи дресот на англискиот првак Манчестер Сити, со голем респект зборува за Македонија. Тој вели дека мора да се внимава против селекција која успеала да ги победи Германија и Италија на гости.
Португалците до финалето стигнаа со победа од 3-1 над Турција, на дуелот на „Драгао“. Против Македонија исто така ќе играат пред домашна публика утревечер во Порто.
„Не знаеме што да очекуваме од Македонија. Сепак, се запознавме со нивниот стил на игра преку видеа. Тие се агресивни на топка. Апсолутно ја респектираме Македонија, ако веќе дошла до оваа фаза, на чекор до пласман на СП, тогаш секако станува збор за квалитетен тим. Македонија ги победи Германија и Италија на гости и треба да бидеме многу внимателни. Но, верувајте дека ќе сториме се за да одиме на СП во Катар“, изјави фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
