Connect with us

Кјeлини: Не треба да се плашиме од Македонија

МАКФУДБАЛ во Палермо

Ветеранот на италијанската фудбалска репрезентација Џорџо Кјeлини има верба во тимот кој утре ќе се бори против македонскиот национален состав во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Тој вели дека сака кариерата да ја заврши на највисоко ниво, со пласман на Мундијал.

„Не смееме да се плашиме, мора да играме смирено и арогантно. Искуството од пред четири години не не оптоварува, тогашниот неуспех може да ни помогне во оваа ситуација особено во контролата на емоциите. Сега сум добро, пред неколку седмици имав некои сомнежи, но на располагање сум, секако селекторот одлучува. Уживаме во атмосферата на што ја прават луѓето во Палермо. Никој да нема дилеми ние сме силен тим и ја имаме потребната енергија“, изјави Кјелини.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови