
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски на интересен начин го најави баражот меѓу Италија и Македонија за пласман на Светското првенство во Катар. Како што вели, за малата Македонија да успее да го елиминира европскиот првак ќе биде потребно чудо, но тој самиот е сведок дека во фудбалот навистина се случуваат чуда.
„Македонија е мала држава и порано не можеше никој ни да замисли дека ќе можеме да стигнеме до ова ниво. Но, ние верувавме во нашиот квалитет, бевме дел од Европско првенство, а сега сме во бараж и за мундијалот во Катар. Свесни сме дека ни е потребно чудо за да ја елиминираме Италија, но направивме веќе една таква сензација со триумфот над Германија во квалификациите. Исто така, јас самиот сум убав пример дека фудбалот приредува неверојатни мигови. Буквално бев избркан д Јанг Бојс, а потоа преку Лугано направив трансфер во Англија и со Лидс Јунајтед играв во Премиер – лигата“, изјави Алиоски.
Натпреварот меѓу Италија и Македонија е закажан за утревечер на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Евро-фудбал
Ливерпул: Скршени сме од болка

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
