
Израелскиот фудбалски тренер Аврам Грант се соочува со најмалку шест обвиненија за сексуално вознемирување. ФИФА започна истрага пред месец и половина, а израелската телевизија Канал 12 ја продлабочи истрагата. Тие дознале детали за тоа како Грант малтретирал млади девојки, кои сакале да работат во клубовите што тој ги водел.
Една од девојките во документарецот тврди дека Грант се обидел да ја турне на проституција додека таа сè уште била во средно училиште. Тој наводно и испраќал пораки и негови фотографии, а потоа тврдел дека ги пратил случајно. Девојката раскажала дека тој еднаш сакал сексуално да ја нападне во автомобилот, но таа го оттурнала и побегнала и тоа е крајот на нивните релации.
Двете девојки признале дека Грант им платил за секс. Еден од нив рекол дека и ветил работа по отслужувањето на воениот рок. Грант ги демантираше сите овие приказни и нагласи дека неговиот однос со жените секогаш бил исправен и дека никогаш не сакал да им наштети.
Грант во текот на својата кариера беше тренер на голем број израелски клубови, но сепак е најпознат по водечките англиски клубови Челси, Портсмут и Вест Хем. Беше селектор и на селекциите на Израел и на Гана, а во 2012 година го предводеше и белградски Партизан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
