МАКФУДБАЛ во Палермо,
Никола Ѓуровски
Европскиот првак Италија ќе биде значително ослабен на утрешниот бараж натпревар против Македонија во битката за пласман на Светското првенство. Селекторот Роберто Манчини нема да го има „ѕидот“ пред голот на Донарума што го сочинуваат ветераните Кјелини и Бонучи. Ќе го нема и Џовани Ди Лоренцо на десната бековска позиција. Од селекцијата што го освои ЕВРО 2020, ќе недостигаат и Федерико Киеза кој беше можеби и најдобар италијански фудбалер и Спинацола, кој се уште е во аут.
Во стоперската линија ќе бидат Бастони и Мансини, на десната бековска позиција Де Шилјо, а лево ќе делува Емерсон.
Во средниот ред, Жоргињо од Челси, Николо Барела од Интер и Макро Верати од ПСЖ. Тоа е впрочем и главната сила во тимот на Роберто Манчини. За нив Македонија ќе мора да пронајде одговор.
Во нападот се планирани Чиро Имобиле како централен напаѓач и Лоренцо Инсиње и Доменико Берарди по крилните позиции.
Дуелот меѓу Италија и Македонија ќе се игра утревечер на „Ренцо Барбера“ во Палермо. Стадионот има капацитет од 36.000 гледачи и комплетно е распродаден, а се очекува да бидат присутни и околу 1.500 Македонци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













