
Капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, е свесен за предизвикот што ја очекува неговата селекција, но се надева на пласман на Светското првенство.
Португалија на 24 март во полуфиналето од плеј-офот ќе игра со Турција, а победникот од тој дуел во финалето ќе игра против подобриот од натпреварот меѓу Италија и Македонија.
„Целосен фокус на Светското првенство. Горд сум, како и секогаш, што ја претставувам Португалија. Знаеме дека патот нема да биде лесен, имаме голема почит кон ривалите со кои ќе се соочиме, кои имаат иста цел како нас. Но, заедно ќе се бориме да ја одведеме Португалија на местото што и припаѓа“, изјави Роналдо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
