Иднината на Маурицио Сари во Лацио е доведена во прашање, бидејќи и тренерот и клубот не се сигурни дали сакаат да продолжат заедно. „Лацијалите“ имаа многу добри, но и многу лоши настапи во оваа прва сезона на Сари во клубот. Иако најверојатно ќе се квалификуваат во Лига Европа, „орлите“ не се наметнаа како сериозен кандидат за првите четири позиции кои водат во ЛШ.
Неделниот пораз од 0-3 на дербито на Рим предизвика загриженост, бидејќи директорите на клубот и претседателот Клаудио Лотито забележаа многу сличности со другите тешки порази оваа сезона.
Поранешниот тренер на Јувентус, Наполи и на Челси потпиша двегодишен договор во 2021 година и имаше информации дека ќе го продолжи договорот до 2025 година.
Сари има опција да го раскине договорот со Лацио во мај, но само доколку прејде во клуб надвор од Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













