Италијанскиот калчолигаш Јувентус го планира трансферот на Џакомо Распадори како замена за заминувањето на Пауло Дибала ова лето. Аргентинецот и дефинитивно не успеа да се договори со раководството на „старата дама“, а Јуве веќе планира кого да доведе на негово место.
Директорот на Сасуоло, Џовани Карневали, најави дека еден од најдобрите играчи на овој тим би можел да се пресели во Јувентус во летниот преоден рок.
„Има неколку понуди од Англија, но тој е клучен играч за нас. Распадори во Јувентус? Тоа е повеќе од веројатна опција. Ќе бидеме среќни ако почнеме нови преговори со Јуве, по трансферот на Локатели“, изјави Карневали.
Џакомо Распадори има 22 години и веќе има седум настапи за репрезентацијата на Италија. Тој е дете на Сасуоло и неговата моментална вредност е околу 30 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













