
Македонскиот првак Шкендија е елиминиран од Дуделанж во второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Нашиот шампион ремизираше (1-1) на реваншот во Луксембург, но поразот од Скопје (1-2) беше клучен за елиминацијата.
Рикардо Делгадо погоди за Дуделанж во 78.минута, а израмни Агим Ибраими од слободен удар во 92.минута. Шкендија го заврши мечот со три црвени картони, откако во финишот беа исклучени Муслиу, Нафиу и Агим Ибраими.
Шкендија повторно многу промашуваше. Првата стопроцентна шанса „црвено-црните“ ја имаат во 9. минута кога топката стигна до Бесарт Ибраими, кој шутира од прво, но наместо мрежата ја затресе само гредата од голот на Дуделанж.
Во 15. минута опасен удар од работ на шеснаесетникот испрати Агим Ибраими, но беше за малку непрецизен. Дуделанж единствената шанса ја имаше во 18. минута, кога по едно долго додавање домашниот напаѓач излезе еден на еден со Захов, но голманот на Шкендија успеа да ја сочува мрежата.
На стартот од вториот дел се закани Дуделанж. Во 47. минута, Адел Бетајеб со удар со глава ја погоди гредата од голот на Шкендија.
На крајот, Дуделанж им покажа како треба да се постигне гол. Рикардо Делгадо во 78.минута ја затресе мрежата на Шкендија. Во финишот Висар Муслиу беше исклучен поради два жолти картони.
Агим Ибраими во 92.минута од слободен удар погоди за 1-1. По ова, во нервозните последни секунди, црвени картони зараборија и Нафиу и Агим Ибраими.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
