Лидерот Шкупи оствари уште една победа во македонскиот шампионат совладувајќи ја Струга ТЛ на гости со 1-3. Омар Имери беше стрелец на третиот гол, а претходно погодија и Сандеј Адетунџи за израмнување и Марјан Радески за водство на својот тим. Немања Босанчиќ го отвори резултатот за стружани.
„Среќен што успеав да му помогнам на тимот во оваа победа. Беше тежок натпревар, но успеавме успешно да ја исполниме целта и ги реализиравме задачите на тренерот Седлоски. Многу сум среќен и за голот што го постигнав и со големо задоволство го посветувам овој гол на нашите навивачи кои никогаш не не оставија сами“, изјави Омар Имери.
Шкупи сега има 58 бода на врвот на табелата, а следниот натпревар ќе го има против Тиквеш на Чаир на 3.април.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













