
Шкупи продолжува да „гази“ во Првата фудбалска лига. Во последните десет меча, тимот од Чаир има осум победи и две ремија, а триумфираше и во премиерниот меч од 24.коло совладувајќи ја Струга Трим Лум на гости со 1-3. Сега тимот на Гоце Седлоски има 58 бода и огромна предност пред ривалите.
Струга Трим Лум дојде во водство со прекрасниот погодок на Немања Босанчиќ во 45.минута, но Шкупи не дозволи негатива на полувремето. Сандеј Адетунџи израмни веднаш, непосредно пред одморот.
Во вториот дел, Марјан Радески донесе комплетен пресврт во 70.минута, а Омар Имери го потврди триумфот во 87.минута од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski