Connect with us

Шкупи сака триумф на гостувањето во Струга

Лидерот на табелата во Првата фудбалска лига, тимот на Шкупи, денеска (15 часот) гостува во Струга и сака да го чува врвот со победи. Дефанзивецот Фати Исмаили најавува борба за нови три бода.


„Во Струга ќе одиме на победа и за тоа воопшто не треба да се разговара. Тренираме напорно и максимално сме подготвени за да освоиме нови три бода. Досега веќе имаме потенцирано дека секој натпревар за нас ќе биде како финале. Струга има добар тим со квалитетни играчи, но ние сме Шкупи и одиме во Струга на победа“, изјави Фати Исмаили.

Сепак, Струга Трим Лум има други планови. Играчот за врска Бесмир Бојку истакнува дека стружани сакаат да го земат скалпот на Шкупи.

„Сигурно дека ќе биде тежок натпревар, очекуваме силен тест со една од екипите што е во голема форма во нашето првенство. Изминативе денови ги анализиравме нивните силни страни и се надеваме дека успешно ќе ги спречиме и дека на крајот ќе излеземе како победници на натпреварот”, изјави Бесмир Бојку.

Останатите натпревари од 24.коло во Првата лига се играат утре.

Шкупи се наоѓа на првото место на табелата со 55 бода, десет повеќе од Академија Пандев, односно единаесет позитива во однос на Шкендија. Струга Трим Лум е сместена на осмото место на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови