
Македонскиот фудбал денеска го очекува стартот на 28-то издание на Првата македонска фудбалска лига. Се чини, како ретко кога во минатото, главно здодевен трансфер период без сериозно звучни поместувања и само неколку поединци за издвојување од летниот преоден рок. Ако треба да се издвои трансфер број еден пред почетокот на новата сезона, без сомнение, тоа е Бразилецот Хуан Фелипе кој од Вардар се пресели во редовите на Шкендија.
Фелипе, кој до неодамна беше најголемиот миленик на вардаровите навивачи, се одлучи по крајот на сезоната да се пресели во Шкендија, на тој начин дополнително зацврстувајќи ги амбициите на тетовци за одбрана на шампионската титула.
Од „трансфер бележникот“ на прволигашите за издвојување се ангажманите на Работнички на репрезентативниот голман Дамјан Шишковски, кој по две сезони минати во финските Лахти и РоПС, се врати во Работнички, како и на поранешниот младински репрезентативец Страхиња Крстевски кој доаѓа како позајмен фудбалер од редовите на белградска Црвена Звезда.
Новиот прволигаш Струга Трим Лум значително го засили нападот со Христијан Кировски и Емран Рамадани, додека искусниот напаѓач Дејан Блажевски, пак, од Работнички се пресели во Македонија ЃП.
За издвојување се уште и двете нови имиња на Академија Пандев, офанзивецот Рајковиќ и дефанзивецот Марио Маслаќ кои пристигнаа од Силекс односно Беласица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
