Connect with us

Академија Пандев ја брани Струмица од шампионот, Работнички во обид да ја освои Струга

Почнува новиот шампионат на Македонија во Првата фудбалска лига, а првакот Шкендија веднаш има сериозен тест, гостува во Струмица против Академија Пандев. Составот на Ќатип Османи ја брани круната, ќе го нема репрезентативецот Висар Муслиу кој направи трансфер во Унгарија, но го доби најголемото летно засилување, Бразилецот Фелипе, екс-играчот на Вардар.  

„Нашата цел се двата трофеи на домашна сцена“, истакнуваат од Шкендија која имаше лош настап на европска сцена.  

Академија Пандев веќе во обичај мирно и без помпи влегува во првенството. Сепак, Југослав Тренчовски има на располагање квалитетен тим.

Дебитантот Струга Трим Лум на домашен терен го пречекува Работнички кој има речиси целосно изменет состав и нов тренер, Александар Влахо.

„Мислам дека сме добро подготвени на почетокот на новото првенство. Одработивме квалитетни подготовки, ова е еден нов тим кој сега го формиравме, 7-8 играчи во стартниот состав првпат ќе заиграат прволигашки натпревар за Работнички. Но, верувам во нашиот квалитет и се надевам дека ќе имаме позитивен старт. Му гостуваме на нов прволигаш, Струга Трим Лум ќе го игра историскиот прв натпревар во Првата лига и сигурно дека тоа донесе еуфорија кај домаќинот и голема желба за триумф. Но, ние си имаме свои математики и се надеваме на позитивен почеток“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо, за официјалниот сајт на клубот. 

Ренова со амбиции за излез на европската сцена влегува во новиот шампионат, а во првото коло на гости им доаѓа Силекс. Шкупи на Чаир ќе го пречека Борец, а утре на комплексот на ФФМ ќе се одигра последниот меч од првото коло меѓу Вардар и Македонија ЃП. 

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, ПРВО КОЛО (17.30 ч.)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

РЕНОВА – СИЛЕКС

ШКУПИ – БОРЕЦ

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РАБОТНИЧКИ 

УТРЕ (17.30 ч.)

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП     

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови