Шкендија во последните моменти од натпреварот против Тиквеш успеа да оствари триумф од 2-1. Искусниот Ферхан Хасани смета дека тимот покажал карактер во вистински момент.
„Мислам дека доминиравме во текот на 90 минути од натпреварот. Противникот со еден случаен гол го израмни резултатот, но ние покажавме карактер и стигнавме до триумф од 2-1. Овој натпревар беше тежок бидејќи дојдовме по некои негативни резултати. Бевме под притисок, но оваа победа ќе ни помогне за следните натпревари. „Мораме да гледаме напред. Додека има уште надеж во шампионатот,, ние ќе се бориме да имаме долга серија на победи“, изјави Хасани.
Шкендија е третопласирана на табелата со 44 бода, има негатива од единаесет бода во однос на лидерот Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













