
Шкендија во последен миг извлече победа (2-1) над Тиквеш на дуелот во Тетово. Валмир Нафиу постигна погодок во 90.минута. Претходно, Љупчо Дориев донесе водство за тетовци со голот во 21.минута, а израмни Александар Вареловски во 75.минута.

Академија Пандев продолжува победнички. Струмичани со 1-0 ја победија Струга Трим Лум со погодокот на Николче Шаркоски во 12.минута од натпреварот.
Македонија ЃП и Скопје ремизираа, 1-1. Бујар Хајдари во третата минута ги изненади ѓорчепетровци, а израмни Арби Воша во 16. минута.
Брегалница со 3-0 го победи Борец. Бобан Георгиев во петтата минута донесе предност за штипскиот тим, Урош Дамњановиќ во 63.минута зголеми на 2-0, а Филип Миленковски го потврди триумфот во судиското продолжение.
Вчера, Шкупи славеше против Работнички со 2-0, а дуелот меѓу Ренова и Пелистер се игра утре.
ПРВА ЛИГА, 23. КОЛО РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 2-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ 1-0
БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ 3-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ 1-1
ВЧЕРА: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2-0
УТРЕ: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
