Лидерот Силекс одигра реми без голови во Кратово против Беса, но и понатаму има сериозна предност на врвот на табелата во Втората лига Запад. Реновираниот тим на Беса му пружи солиден отпор на Силекс кој не успеа да го пронајде патот до противничката мрежа.
Вардар се врати на арената „Тодор Проески“ и едвај го совлада Охрид со 1-0. Вилдан Керим во 85.минута беше стрелец на победничкиот гол.

Воска со 2-0 го совлада Кораби. Изаир Емини донесе водство во 36.минута, а Ристе Илијовски го потврди триумфот во 90.минута.
Тетекс го победи тимот на Велешта со 2-0. Агон Елмази и Дамјан Масевски беа стрелци на головите за „текстилците“.
Гостивар беше убедлив против Кадино (6-1). Виктор Крстевски и Стојанчо Велинов експресно постигнаа два гола, намали Кристијан Каранфиловски, но Хусеин Демири од пенал се погрижи за 3-1 во 30.минута.
Во второто полувреме погоди Генц Гаши, а двоен стрелец беше и Андреј Кудијан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













