
Актуелниот шампион Шкендија падна во Струмица. Најдобриот напад во лигата од минатата сезона беше немоќен пред Душан Чубраковиќ кој со неколку одлични интервенции не дозволи да се тресе неговата мрежа. Со извонредните одбрани ги фрли во очај напаѓачите на Шкендија кои беа непрепознатливи на стартот од сезоната и во македонскиот шампионат, откако имаа лоши игри и на европска сцена.
Стенио Жуниор, Агим Ибраими, Бесарт Ибраими, Егзон Бејтулаи имаа неколку обиди да постигнат погодок, но Чубраковиќ излезе како победник во сите директни дуели со противниците. Со својот настап го заслужи изборот на МАКФУДБАЛ за најдобар играч на првото коло од новата сезона во Првата фудбалска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
