
Работнички со реновиран состав и со нов тренер, Александар Влахо, е во потрага по првите бодови во новата сезона, откако загуби на отворањето на шампионатот од новиот прволигаш Струга Трим Лум. Шкупи има три бода по триумфот против Борец на стартот, но посакува да продолжи со позитивни резултати против „романтичарите“. На крајот од минатата сезона, во фотофиниш, Шкупи оствари голем триумф против Работнички за излез на европската сцена.
Сето ова дава дополнителен шарм на првиот натпревар од второто коло во Првата фудбалска лига на Македонија, кој ќе се одигра денеска, со почеток во 17 часот, на арената „Тодор Проески“.
Работнички ќе биде засилен со новото име во навалната линија Станиша Крстевски кој дојде од Црвена Звезда и немаше право на настап во првото коло. Тренерот Александар Влахо очекува многу подобра реализација, сегментот во кој потфрли неговиот тим на гостувањето во Струга.
Шкупи се надева дека повторно може да извлече поволен резултат. Тренерот Умит Каран нема да може да смета на Бесар Исени.
ПРВА ЛИГА, ДВОЈКИ – 2.КОЛО
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (сабота, 17 ч.)
РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ (недела, 17 ч.)
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
БОРЕЦ – ВАРДАР
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
