Connect with us

МАКФУДБАЛ и СПОРТЛАЈФ наградуваат: Може ли Борец да го изненади Вардар?

МАКФУДБАЛ и спортските обложувалници „Спортлајф“ продолжуваат со заедничкиот проект поврзан со Првата македонска фудбалска лига. Се што треба да направите е да типувате на полувреме-крај на дербито на колото во ПМФЛ, а доколку погодите ќе бидете во игра за една од наградите што ги доделуваат МАКФУДБАЛ и Спортлајф.

Најинтересен натпревар за денеска се очекува да биде дуелот меѓу Борец и Вардар, кој ќе го одбележи враќањето на прволигашки фудбал на стадионот во Велес. И двата тима во минатото коло останаа без бодови, Борец загуби од Шкупи, а „вардарци“ беа изненадени од Македонија ЃП, па интересно ќе биде да се види дали велешкиот клуб ќе успее да освои барем бод во пресметката со најтрофејниот македонски фудбалски колектив.

Сите кои ќе погодат како ќе заврши овој натпревар со играта полувреме – крај ќе бидат во конкуренција за ваучери од Спортлајф во вредност од 200 денари.

Типувањето се врши на фејсбук страницата на МАКФУДБАЛ.

Напомена: Ваучерите можат да ги користат сите оние кои имаат членски картици од Спортлајф. Доколку немате картица, можете да користите иста на пријател, на чие име потоа ќе биде префрлен ваучерот доколку сте добитник.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови