
Ренова во последните мигови испушти победа на Чаир против Шкупи, а Академија Пандев славеше против Борец со 2-0 и го запоседна врвот на табелата во Првата лига по три одиграни кола. Шкендија повторно не победи, но барем го освои првиот бод играјќи 1-1 против Македонија ЃП во Тетово. Струга Трим Лум со 2-1 славеше против Силекс.
Првакот Шкендија ремизираше (1-1) против Македонија ЃП. „Лавовите“ поведоа во 38.минута со голот на Едуардо Паду, но само три минути подоцна израмни Егзон Бејтулаи со удар со глава.
Марин Јурина во 42.минута го доведе Шкупи во водство на Чаир, но Ремзифаик Селмани израмни две минути подоцна. Селнани со втор гол во 82.минута донесе пресврт, но Марин Јурина спаси бод за Шкупи во 90.минута.
Академија Пандев славеше против Борец со 2-0. Љупчо Дориев со одличен соло пробив донесе водство во 45.минута, а на почетокот на вториот дел Ѓорѓи Танушев со прекрасен гол со ножички го постави конечниот резултат.
Во Струга, по Работнички падна и Силекс со 2-1. Кировски погоди во 30.минута за водство на Струга Трим Лум, Грозданоски израмни на почетокот на вториот дел, но повторно Кировски блесна во 65.минута и со својот втор гол донесе втор триумф за стружани во елитата.
ПРВА ЛИГА, 3.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БОРЕЦ 2-0
ШКУПИ – РЕНОВА 2-2
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СИЛЕКС 2-1
ВЧЕРА: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 2-0
Табела: Академија Пандев 7, Ренова 7, Струга ТЛ 6, Македонија ЃП 5, Шкупи 4, Вардар 4, Работнички 3, Силекс 3, Шкендија 1, Борец 1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
