
Очајните настапи на Шкендија во текот на летово, како во европските купови, така и на стартот од Првата лига, ќе придонесат да дојде и до сериозни промени во тетовскиот клуб. Ова денеска го потврди и првиот човек на Шкендија, Лазим Дестани, кој најави дека е формирана работна група што ќе ги анализира причините за слабите резултати, но и дека можат да се очекуваат промени во сите сегменти од клубот.
„Сакам да го изразам моето незадоволство од слабите резултати на Шкендија, овој голем пад што никако не смееме да дозволиме да продолжи. Не ја гледаме онаа Шкендија што навикнавме во последните години, тимот наместо да продолжжи со успеси, го стори спротивното во европските купови. Поразите во првите две кола и ремито на последниот меч се исклучително фрустрирачки за мене и моите најблиски, како и за сите навивачи на Шкендија и „Балистите“. Овие слаби резултати се јасен знак дека нешто не е како што треба и мора да се менува. Затоа, сакам да ве информирам дека веќе составив професионална работна група која ќе ја истражи ситуацијата во клубот, по што ќе бидат извршени промени во сите сектори. Очекувам фудбалерите да продолжат со професионална работа и да покажуваат игри какви што навивачите на Шкендија сакаат да видат од нив“ – се вели во соопштението на Лазим Дестани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
