Беласица со убедлив триумф (6-0) се доближи до водечкото трио во Втората лига Исток, откако Слога Виница, Победа и Каменица Саса кикснаа.
Димитар Трајков со хет-трик уште во првото полувреме донесе предност од 3-0 за Беласица, а во вториот дел стрелаа уште и Крстев, Терзиев и Сулев.

Каменица Саса загуби дома од Братство со 0-1, а стрелец на победничкиот гол беше Урим Бајрами со голот во 38. минута.
Кожуф и Слога Виница ремизираа (1-1) во Гевгелија. Симевски во 55. минута донесе предност за гостите, а Бејков успеа да израмни во 80. минута.
Победа ремизираше без голови против Детонит во Радовиш.
Осогово славеше со 0-1 против Пехчево во Штип. Тошо Манов од пенал во 67. минута беше стрелец на победничкиот гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













