Вардар го совлада Тетекс со 2-0, но за малку дочека кикс на големиот ривал Воска во трката за второто место. Дејан Блажевски во првиот дел и Дарко Глишиќ во 90.минута беа стрелци на головите на „братското“ дерби против Тетекс.
Воска победи со 1-0 на градската пресметка со Охрид и тоа од пенал, со погодок во 95.минута од мечот. Изаир Емини го реализира ударот од белата точка, а охриѓани имаа жестоки реакции по крајот на мечот. Очигледно дека Воска е „силна“ и на друг терен.
Интересно е дека и лидерот Силекс се уште нема победа оваа пролет. Кратовци ремизираа без голови на гости против Беса.
Гостивар славеше на гости против Кораби со 1-3, со головите на Ајрадин Цуцули, Хусеин Демири и Артан Велиу. Велешта го совлада Кадино со 2-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













