Најтрофејниот македонски клуб Вардар нема право на кикс на денешниот дуел против Тетекс во трката за второто место на табелата во Втората лига Запад. „Црвено-црните“ имаат пет бода негатива во однос на Воска, која денеска ќе го игра градското дерби против Охрид. Препукувањата околу навивачката група на охриѓани се само најава дека таму ќе има жестока пресметка, а Воска не сака да се „лизне“ како што тоа му се случи на Вардар против Охрид во првото пролетно коло.

Силекс има тешко гостување кај Беса, со оглед дека домашниот тим е сериозно засилен и има амбиции да опстане. Тимот на Горазд Михајлов ремизираше дома против Гостивар на стартот на пролетта, па сега сигурно сака три бода.
Гостивар ќе му гостува на Кораби, а Велешта е домаќин на Кадино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













