Македонија Ѓорче Петров и Брегалница го отвораат 21.коло во Првата фудбалска лига. На стадионот во Ѓорче Петров (14 часот), „лавовите“ ќе се обидат да ја продолжат успешната пролетна низа, откако претходно славеа против Тиквеш и против Ренова. Минимален триумф без примен гол засега е рецептот на тренерот на Македонија ЃП, Муарем Бајрами.
Брегалница доаѓа во Ѓорче Петров по позитивен резултат. Младинскиот репрезентативец Јован Манев верува дека на денешниот натпревар тимот ќе одигра максимално квалитетно во желбата да оствари успех.
„Одигравме добар натпревар во Струга, беше тоа тешко гостување на кое победата ја испуштивме на крајот. Сега не очекува уште едно тешко гостување во Ѓорче Петров против Македонија ЃП, тим кој е навистина одличен и максимално го почитувме. Но, мора да дадеме се од себе за позитивен резултат. Свесни сме дека имаме квалитетен тим кој може да се надигрува со секого, и тоа треба да го покажеме на терен“, вели Манев.
Останатите натпревари од 21. коло во Првата лига се на програмата утре, со почеток во 14 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













