
Работнички ангажираше уште едно засилување пред крајот на летниот преоден рок. Нов член на клубот od Дебар Маало е Стефан Јевтоски, поранешниот младински репрезентативец кој изминатиот период градеше интернационална кариера, а во Македонија настапуваше за Металург. Тој потпиша едногодишен договор со Работнички, објави клубот на официјалниот сајт.
Јевтоски ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред во тимот на Александар Влахо. Доаѓа како слободен агент, а претходно беше член на Арсенал Киев, Вараждин и на Локомотив Пловдив.
Работнички денеска ќе го игра натпреварот од четвртото коло во Првата фудбалска лига. На домашен терен на арената „Тодор Проески“ го пречекува составот на Академија Пандев. Мечот е закажан за 16.30 часот и ќе има директен пренос на Спорт Арена и на МТВ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
