
Актуелниот првак Шкендија му даде отказ на досегашниот тренер Ќатип Османи. По лошиот старт на сезоната во Првата лига и последната позиција на која се наоѓа во моментот, но и лошиот настап на Шкендија на европска сцена, раководството на Шкендија реши да се раздели со Османи, и покрај неговото шампионско минато со клубот.
„ФК Шкендија објавува прекин на соработката со стручниот штаб. Анализирајќи ги актуелните состојби и негативните резултати во изминатиот период, менаџментот на клубот одлучи да го отпушти стручниот штаб предводен од Ќатип Османи. Шкендија му благодари на Ќатип Османи за историските постигнувања во изминатите години и му посакува се најдобро во иднина. До именување на нов шеф на стручниот штаб, со тимот ќе раководи Ерхан Селими“, се вели во известувањето од ФК Шкендија.
Шкендија по четири одиграни кола во првенството на Македонија има само еден освоен бод и се наоѓа на последната позиција на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
