Ренова е едно од пријатните изненадувања на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. „Гипсарите“ со седум бода од првите три кола, заедно со Академија Пандев, се двете најуспешни екипи на почетокот од новиот шампионат.
Во дербито на 4. коло денеска од 16:30 часот во Тетово, Ренова сега дефинитивно посакува триумф против Вардар за преземање на врвот и бодовно израмнување со „пандевци“. Свесни се во таборот на тимот од Џепчиште дека ги очекува тешка задача, без разлика што Вардар е со подмладени сили сезонава, но се максимално подготвени, како што велат, да дојдат до трите бода.
„Јасно е дека не чека тежок натпревар. Вардар го покажа сиот свој квалитет на претходниот натпревар против Работнички. Но, со максимална борба веруваме во нов позитивен резултат“ – велат од таборот на Ренова.
ПМФЛ – 4. КОЛО (денеска, 16:30 ч.)
Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР
ВЧЕРА
РАБОTНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ 1-2
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 1-1
БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 1-0
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-4
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













