Вардар налета на мотивиран тим на Охрид кој се бори за опстанок и се сопна уште на самиот старт од пролетниот дел од шампионатот во Втората лига Запад. Воска рутински победи во Кадино, а Гостивар покажа дека е реорганизиран со ремито во Кратово.
На Истокот, без изненадувања. Победа лесно излезе на крај со Братство, Слога Виница го совлада Пехчево, Каменица Саса извлече минимален триумф, а Беласица беше убедлива.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за првото пролетно коло во вторите лиги. Го предводи стратегот на Беласица, Александар Стојанов.
МАКФУДБАЛ ТИМ НА 16. КОЛО ВО ВТОРИТЕ ЛИГИ
- ДАМЈАН СЕРАФИМОВ (ОХРИД)
- ДАВИД СПАСОВСКИ (ТЕТЕКС)
- АРБЕН ТАФА (ОХРИД)
- МАРТИН МИСЕРДОВСКИ (КАМЕНИЦА САСА)
- БОЈАН ИВАНОВ (СЛОГА ВИНИЦА)
- ДАРКО АЛЕКСОВСКИ (КАМЕНИЦА САСА)
- ФЛОРЕНТ ОСМАНИ (БЕСА)
- СТОЈАНЧО ВЕЛИНОВ (ГОСТИВАР)
- ДАНИЕЛ РАДОЈЧИЌ (БЕЛАСИЦА)
- АТДХЕ МАЗАРИ (ПОБЕДА)
- ИЗАИР ЕМИНИ (ВОСКА)
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВ (БЕЛАСИЦА)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski