Беласица убедливо го стартуваше пролетниот дел од првенството во Втората лига Исток со триумф од 0-3 на гости против Осогово. Тренерот Александар Стојанов е задоволен од изданието и најавува дека неговиот тим до последното коло ќе води битка за пласман во елитата.
„Честитки до сите актери на натпреварот, а најголеми честитки одат кон нашите играчи кои одиграа како што се договоривме пред мечот. Секогаш се тешки првите натпревари при отпочнување на сезоната пред се од психолошки аспект, а и игравме со противник кој се бори за опстанок и секој бод му е значаен. Сепак, момците покажаа зошто сме меѓу првите четири екипи во лигата и дека до последно ќе водиме битка за местата кои водат во повисок ранг“, вели тренерот на Беласица, Александар Стојанов.
Клучни за триумфот беа првите минути од дуелот против Осогово.
„Натпреварот веќе беше решен во првите неколку минути кога резултатот гласеше 0-2 и потоа беше полесно да се игра. Со мудра игра без да се истрошиме многу го приведовме натпреварот до самиот крај, а во последните десетина минути постигнавме и трет гол за да ја потврдиме победата. Овој натпревар го оставаме зад нас и се фокусираме на наредните предизвици кои не очекуваат”, дополнува шефот на стручниот штаб на Беласица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













