
Борец го приреди најголемото изненадување во 4. коло од Првата македонска фудбалска славејќи со 1-0 против шампионот Шкендија. Токму тој пораз на тетовци значеше и отказ за досегашниот стратег на тимот, Ќатип Османи.
Велешани повеќе од заслужено дојдоа до победата низ мудра, тактички трпелива игра која на крајот значеше и три бода. А, творец на победата хрватскиот офанзивец во редовите на Борец, Никола Прелчец кој низ соло акција во второто полувреме постигна убав погодок за триумф. Сето тоа го издвојува и Прелчец како играч на колото во елитното друштво, според изборот на МАКФУДБАЛ.
Во изборот на тимот на колото, според МАКФУДБАЛ, од составот на Борец и голманот Бурхан Мустафа, како и дефанзивците Трајче Стојковски и Кристијан Ефтимов. Тренер на колото, стратегот на велешани – Горазд Михаилов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal