Искористувајќи ја паузата поради репрезентативните настапи, Шкупи денеска во пријателски натпревар славеше убедливо со 5-1 против Беса.
Головите во победата на чаирчани ги постигнаа Бајрами, Кривањева, Исмаили, Дембо и Рамани. По подолга пауза поради повреда на денешниот пријателски натпревари на теренот се врати голманот Игор Алексовски, а по двомесечна пауза повторно на терен се врати и Бесар Исени.
Во сабота (7. септември) Шкупи на стадионот во Чаир ќе одигра пријателски натпревар и со екипата на Ал Батаех.
Во Кичево, пак, екипата на Ренова ремизираше (2-2) со албанскиот прволигаш Кастриоти. Головите за „гипсарите“ ги постигнаа Љутви Билали и Ремзифаик Селмани.
Во Скопје, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари Работнички, кој настапи во комбиниран состав, загуби од Ал Хумрија од Обединетите Арапски Емирати со 1-2. Стрелец на погодокот за „романтичарите“ беше Јаго.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













