Најтрофејниот македонски клуб Вардар се сопна уште на самиот старт од вториот дел од првенството во Втората лига Запад. Вардарци одиграа само реми без голови против Охрид, кој се бори за опстанок.

Сега бодовното заостанување на Вардар зад Воска во трката за втората позиција е уште поголемо, пет бода, со оглед дека тимот на Раде Цицмиловиќ славеше со 0-2 на гости кај Кадино.
Арџент Гафури и Изаир Емини беа стрелци на головите за составот на Воска.
На мечот во Охрид имаше и мал прекин откако „Комитите“ имаа судир со полицијата.

Гостивар е сериозно засилен, а тоа го почувствува и лидерот Силекс. Кратовци одиграа само 1-1 против Гостивар на домашен терен. Благоја Спиркоски го доведе Силекс во водство во 29.минута, но израмни Стојанчо Велинов пет минути подоцна. За Велинов, стадионот во Кратово е добро позната средина со оглед дека во минатото ги бранеше боите на тимот во елитата.
Тетекс со 2-0 го совлада Кораби. Давид Спасовски донесе предност во првиот дел, а Агон Елмази го потврди триумфот во судиското продолжение од мечот.

Беса ја совлада Велешта со 3-1. Љутви Билали и Флорент Османи донесоа предност за Беса, Велешта намали со голот на Никола Миткоски, а потоа имаше пенал и за Беса што го реализираше Малиќ Белули.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













